Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди грчката провинција Тесалија вечерва нешто пред 20 часот по локално време, јавија грчките медиуми.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри на околу 22 километри југозападно од островот Скијатос во Егејското Море и на
околу 108 километри северо-северозападно од градот Перистери, соопшти Националната опсерваторија на грчкиот геодинамички институт.
Засега нема информации за материјални штети, повредени или други последици од денешниот земјотрес.