Сторија која ја расплака Македонија: Мајката ги оставила трите деца среде ноќ и си заминала

Игор Младеновски е 42 годишен човек роден и израснат во кривопаланечкото село Мартинце.

Живеел сиромашен селски живот и како дете, а кога пред 15 години одлучил да се ожени со девојка од истото село, не ни помислувал дека еден ден животот со семејството во амбарот ќе му го поремети веста дека сопругата ги остава малите дечиња сами среде ноќ и дека никогаш повеќе нема да се врати.

Игор работи од утро до мрак за да донесе леб за децата, а Марија иако многу млада и се уште со детски соништа ја игра улогата на мајка и на сестра. Зашто на неа останува обврската да ги облече, избања, нахрни и учи со своите братчиња.

– Тешко ми е, сама ги чувам сите. Таа, (мајка им) вечерта околу 10:30, 11 часот си отиде, не остави нас сами дома. Татко ми дојде во 12 часот, ја праша, заминала за Скопје рече и толку, вели Марија и за братчињата додава:

– Ако јас не ги чувам, нема кој да ги чува. Ако не, рекоа ќе ги дадат во дом. Од социјалното дојдоа и рекоа дека ќе ги однесат во дом, вели таа низ солзи.

Целата сторија на „Срце на дланка“ можете да ја погледнете утре во 15:30 часот на телевизија Алфа.

Видео најава ТУКА

Извор: newz24live.com

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде