Министерката Тренчевска ја објави тажната вест:
Да се запознае храбра жена како Драгче наша е привилегија на овој свет.
Беше нашиот разум кога беше потребно, беше нашиот глас кога бевме најтивки и беше позитивната енергија кога деновите беа тешки!
На наша огромна тага вчера вечер кабинетот остана без нашата личност која имаше добар збор, совет, трпение и разбирање за секого од нас.
Твојот аманет за добри дела и вистинско пријателство ќе остане со нас.
Нека ти е светол патот.
🕊Почивај во мир!
За последен поздрав телото ќе биде изложено утре, 14.04.2024 година
од 11 часот до 12 часот во капелата на гробиштата во Бутел.