Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.
Во Скопје претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 31 степен.
Според УХМР, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во вторник попладне, во текот на ноќта, а особено во среда ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме, проследени со појава на грмежи и силен ветер.
Потоа и во следните денови ќе има повремени локални врнежи. Температурата од среда ќе биде во позначително опаѓање.