Кога бил однесен во болница веќе било доцна: Почина 38-годишен маж откако му се слошило во двор

Кога бил однесен во болница веќе било доцна: Почина 38-годишен маж откако му се слошило во двор

На 17.04.2024 во 20.35 часот во ОВР Виница, од Општа болница Кочани било пријавено дека кај нив бил донесен починат С.П.(38) од Виница.

Според пријавеното, околу 19.45 часот му се слошило во дворот на В.Ф.(61) во Виница, по што бил пренесен во болницата во Кочани, каде што лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде