Ова ќе ги израдува пензионерите: Со ребаланс на буџетот ќе исплатиме 13та пензија на пензионерите, најави Димитриевски

Секој пензионер во форма на субвенција да добие 13та пензија, ова е дел од програмата за чие реализирање ќе се залага Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, најави денеска кандидатот за претседател Максим Димитриевски.

Следната Влада, вели Димитриевски не може да се формира без пратениците од ЗНАМ, па така ќе се заложат буџетските вишоци во 2024 година да се исплатат како 13та пензија.

– Со ребалансот ќе предвидиме исплата на 13та пензија во форма на субвенција до пензионерите со тоа што истата ќе биде распределена на начин што помалите групи или ставки на пензии ќе добијат поголем дел од средства,

а повисоките помал дел од средствата, се со цел да се усогласи таа голема разлика која што постои.

Во меѓувреме транспарентно ќе бидат објавени бројките колку средства има во Пензискиот фонд и ќе се направат дополнителни пресметки како и на кој начин ќе може во следниот период да се зголемува пензијата на пензионерите, рече Димитриевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде