Зимата не се предава: Еве каде моментално врне снег во Македонија

И покрај тоа што веќе еден месец сме во пролет, сепак, зимата покажува дека нема намера да си „оди“.

После снегот кој беше присутен во Маврово и на Попова Шапка вчера, денеска има снег и на превојот „Стража“.

На патот од Гостивар кон Кичево вее снег со слаб интензитет.

Температурата на превојот е два степени, што е невобичаено за овој период од годината.

За потсетување дека минатата недела температурите пораснаа и до 30 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде