Две лица загинаа, а едно е повредено во тешката сообраќајна несреќа што се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип.
Жртвите се на возраст од 40 и 64 години, од Кочани од Скопје.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.
-На 20.04.2024 на експресниот пат Штип Кочани во близина на индустрискиот дел Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо” со кочански регистарски ознаки управувано од А.Н.(40) од Кочани и патничко моторно возило „шкода” со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Д.(66) од Скопје.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот на пежото и сопатничката Л.Д.(64) во шкодата. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Штип – соопштија од СВР-Штип.
Во соопштението се посочува дека возачот на шкодата се здобил со повреди констатирани во Клиничката болница Штип.