Полицијата се огласи за братчето и сестричката од струмичко кои беа исчезнати
СВР Струмица информира дека на 20 април при преземање на мерки за пронаоѓање на двете малолетни деца од село Сушево, сестра и брат на возраст од 14 и 11 години,
кои на 18.04.2024 година беа пријавени дека се оддалечиле од домот, полициски службеници од Полициската станица Струмица утврдиле дека се вратиле дома.