Последната објава на Бојана ќе ве расплаче – зад себе остави две мали ќерки

Поранешната водителка почина во 46 година од животот

Познатата поранешна српска водителка Бојана Јанковиќ почина вчера, на 19 април, во 46 година од животот.

Нејзината последна објава беше пред два месеци, поточно на 22 февруари, кога и се обрти на својата ќерка.

„Среќен ти роденден првенче на мама, 15 години најголема среќа“, напиша таа под фотографијата што ја сподели тогаш.

Нејзиниот поранешен сопруг, Огњен Јанковиќ, се огласи за српските медиуми по веста дека Бојана е пронајдена мртва.

Се уште чекам потврда, не можам ништо да кажам се уште, Разберете ме, изјави Огњен кој е член на „Белградски синдикат“ за српскиот Телеграф.

Која беше Бојана Јанковиќ?

Бојана Јанковиќ (поранешно Николиќ) се прослави како водителка на култната емисија на Пинк, „Сити“ поранешна водителка на Пинк.

Покрај водителството таа се занимаваше и со манекенство, а потоа се повлече од јавноста и му се посвети на семејството.

Таа зад себе остави две деца, ќерки, што ги доби од бракот со поранешниот сопруг Огњен Јанковиќ, член на „Белградски синдикат“.

Бојана е една од двете сестри близначки, а и нејзината сестра Ивана беше позната посебно додека беше дел од „Големиот брат“.

По нејзината смрт беше известено и Вишото јавно обвинителство во Белград кое нареди обдукција, а како што пренесуваат медиумите, на нејзиното тело немало траги на насилство.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде