Албанската опозиција вечерва на плоштадот Скендербег во Скопје одржува завршен митинг пред Претседателските избори кои ќе се одржат во среда.
Таравари во својот говор истакна дека на последниот собир во Скопје доаѓа по многуте средби и собири низ државата, вклучително и дијаспората, и дека внимателно ги слушале проблемите на граѓаните со кои се соочуваат веќе 22 години.
Тетовскиот градоначалник, Билал Касами, на својот Фејсбук профил објави фотографија на која може да се види колку народ има на митингот.
Потоа на социјалните мрежи се проширија и други фотографии.