Сообраќајка се случила синоќа на регионалниот пат Велес – Градско, има повредени, потврдија од СВР Велес за МИА.
– На 21.04.2024 во СВР Велес е пријавено дека во 17.10 часот на регионалниот пат Велес-Градско, во близина на исклучок за село Црквино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и товарно возило.
Во незгодата има повредени лица кои со возило на ИМП се пренесени во Ургентен центар во Велес.
Сообраќајот е во прекин поради вршење на увид на местото, рекоа доцна синоќа од СВР Велес.
Оттаму не можеа да дадат повеќе детали за сообраќајката.