Тајван за неколку минути го погодија два земјотреси, првиот беше со јачина од 6,1 степени, а вториот со измерени 6,0 степени според Рихтеровата скала, пренесува EMSC.
Како и првиот, така и вториот земјотрес се случи во близина на градот Таичунг.
Првиот удар се случил во 02:26 часот, а вториот во 2:32 часот по локално време.
Земјотресот во 2.26 часот бил на длабочина од 11, а тој што следел шест минути подоцна на длабочина од седум километри.
Интересно е што во 2 часот и 12 минути е регистриран земјотрес со јачина од 4 степени, исто така во близина на Тајчунг. Засега нема извештаи за евентуални штети или жртви.