Славчо Попоски со најава: Еве какво време ќе имаме за 1 мај, како и за Велигденските празници

Метео анализа на Славчо Попоски.

Почитувани, во изминатиот период бевме сведоци на огромна промена на времето која услови обилни врнежи од дожд и снег, како и намалување на температурите дури за повеќе од 20 степени, а во регионот дури и за 30 степени.

За среќа, во деновите кои се пред нас иако наутро ќе биде посвежо, сепак не очекуваме појава на мраз, со исклучок на високите места  и планините каде е можна појава на слаб до умерен утрински мраз. Преку ден ќе биде потопло, но повторно очекуваме променливо време со повремени врнежи, кои особено утре на повеќе места ќе бидат  и пообилни.

Максималните дневни температури утре како што и наведовме во нашата последна метео анализа ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.

Потоа од среда максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, што значи ќе имаме вистински пролетни температури на воздухот, но како што наведовме погоре, и понатаму во деновите по утрешниот ден ќе имаме услови за повремен локален дожд.

И во Скопје  и околината од среда очекуваме потопло време преку ден, па така температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16  и 20 степени.

Барем одсега гледано, поради тоа што нормално сите ние се интересираме какво време не очекува за 1 мај и за Велигденските празници, времето би било пролетно топло и без некои позначителни врнежи и нестабилност на Атмосферата. Детална  и конечна анализа околу ова ќе објавиме во следните денови, кога се ќе биде многу појасно.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде