Колозова жестоко распали по изборните резултати: Возот отиде. На здравје

Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ, еднакво интегрирани со Русија и Кина колку и со ЕУ, додека паралелно живеете во возобновена пост-Југославија наречена Отворен Балкан (или како и да го наречат сега, несороски).

Со овие зборови синоќа се огласи професорката и активистка Катерина Колозова на Фејсбук, откако стана јасно дека професорката Гордна Сиљановска Давкова убедливо води. 

–  Звучи штракнато? Е па да, звучи. Па сега прашајте се со кој ум. “Барем ред ќе има, и нема веќе корупција.

” Верно ви е ова? Ако, верувајте си – во склад е со остатокот од сликата. (ЕУ ќе ви беше куртул од корупција, а не оваа или онаа партија. Возот отиде. На здравје.) – напиша Колозова.

Еве ја нејзината објава на Фејсбук: 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде