Синоптичарите утрово со најнова прогноза: Следува голема промена на времето!

По денешниот нов влажен воздушен бран кој ќе ни донесе нови врнежи и повторно малку пониски температури, сепак во петок, како и за време на викендот конечно можеме да очекуваме многу постабилно и релативно суво и сончево време, со мала до умерена локална облачност.

Сепак и покрај ова би можело да има сосема мали исклучоци каде би се појавиле сосема локализирани и краткотрајни врнежи од дожд (ништо сериозно), објави метеорологот Славчо Попоски.

„И во Скопје во петок, како и за време на викендот времето ќе биде претежно стабилно, сончево и суво со мала до умерена локална облачност.

За време на овие денови ќе дува  и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Што се однесува до температурите, малку посвежо утро очекуваме во петок кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -2 и 7 степени, додека потоа тие ќе бележат тенденција на пораст.

Максималните дневни температури на воздухот пак повторно ќе бидат во пораст и во петок како и за време на викендот тие ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени, а уште потопло ќе биде во недела кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени“, напиша тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде