Пепи Бафтировски беше еден од најпознатите фолк пејачи на македонската сцена. Се прослави со песната „Сине мој“ која ја снимаше на почетокот од деведесеттите години на минатиот век, како повратник од печалба во САД.
Но и покрај тоа што беше голема ѕвезда во својата држава, Пепи не беше задоволен од третманот на луѓето од естрадата во Македонија и повторно реши да заплови „преку барата“, но овој пат со сопругата Ава Керш, ќерката Марина и синот Емил.
Тој заедно со семејството во Америка заминува во 2003 година каде е решен да започне нов живот.
Но по неколку години заеднички живот во туѓина, Пепи и Ава ќе се разделат во 2007 година, а по некое време на пејачот ќе му биде диjaгностициpaна тешката бoлecт.
Пепи по кратко боледување, ќе ја изгуби битката со болecта на денешен ден во 2008 година, на 66 годишна возраст и само пет години по неговото повторно доаѓање во Америка.
Последните години, како што велат неговите пријатели тој ги поминал сам, не јавувајќи се на никој.
Се разделил од сопругата и останал сам во туѓина, а откако му беше дијагнocтициран paк на белите дробови, и кога беше хocпитализиран, неговите пријатели од САД преку интернет бараа пари за да се соберат финансиски средства за тој да се врати во Македонија што беше една од неговите најголеми желби во тие негови последни моменти.
Тој зад себе остави голем број на хитови кои и денес се слушаат. ,,Ако згрешам нека изгорам” ,,Друга љубов не сакам”, ,,Заветна” и ,,Сине мој” се само дел од неговите антологиски песни. Успешната кариера ја нарави кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век, по години поминати надвор од земјава, кога се врати во Македонија и пред повторно да замине во 2003 година.