На 27.04.2024 во 21.32 часот во Полициско одделение Македонска Каменица било пријавено дека на раскрсницата од ул.„Церска“ со ул.„Тапеѓовска“ во Македонска Каменица,
патничко возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(19) од Крива Паланка, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетен сопатник од Македонска Каменица и Д.Ц.(18) од Крива Паланка,
а со телесни повреди се здобиле уште еден малолетен сопатник и М.Д.(19), двајцата од Крива Паланка, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.