Лекарот ја пуштил дома, таа утрото починала: Наташа (44) зад себе остави две мали деца,семејството најавува тужба

Трагичната смрт на пациентката од Сремска Митровица, Наташа Жабиќ (44) се случила во четвртокот, набргу откако лекарот ја отпуштил после преглед.

Наташа Жабиќ почина во четвртокот, а како што пренесува српски Курир, причината за смртта се поврзува со белодробна тромбоемболија, најверојатно предизвикана од тромб кој започнал од ногата на која имала проблеми.

По прегледот и препишаната терапија, лекарот одлучил да го пушти пациентот на домашно лекување. Но, утрото потоа починала.

Наташа Жабиќ претходно била примена во болница на 31 март поради сомневање за воспаление на слепото црево, по што била оперирана и отпуштена од болничко лекување. Таа на 25 април повторно отишла во болница поради отечена нога, по што била упатена на домашно лекување.

Неофицијално, како што пренесува Курир против лекарот кој бил инволвиран во овој случај е поднесена кривична пријава, а се очекува внатрешна контрола да ги истражи околностите поврзани со оваа трагедија.

Наташа имаше само 44 години и зад себе остави две малолетни деца на возраст од 13 и 9 години.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде