Данка Илиќ беше убиена на 26 март, кога осомничените Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ ја удриле со службеното возило на ЈКП „Водовод“ Бор, по што онесвестена ја ставиле во задниот дел од автомобилот.
Кога Данка се разбудила и заплакала, Драгијевиќ, по сопственото признание, ја давел со рацете додека не престанала да дише, а потоа заедно ја фрлиле на депонијата.
Овој страшен настан привлече огромно внимание кај јавноста, но и кај експертите за правни теми.
Српскиот портал „Република“ го контактирал познатиот српски адвокат Тома Фила со цел да добие негово мислење за целокупната ситуација.
„Не можам да зборувам за тоа, не знам ни кои се наодите и што се работи воопшто во моментов, важно е да се открие дали постојат во автомобилот, службеното возило, со кое управувале осомничените, дали постојат и дали се најдени крв и ДНК на девојчето – тоа е клучното прашање. Многу е важно да се најдат трагови и би било добро да се пронајде детето, но тоа не верувам дека ќе се случи“, изјавил Фила за „Република“.
Да потсетиме, истрагата за убиството на двегодишната Данка Илиќ, која исчезна на 26 март во Бањско Поле сè уште трае, а полицијата активно работи на откривање на локацијата каде што е закопано телото на девојчето.
Истрагата ја води Вишото јавно обвинителство во Заечар, а според информациите до денес се сослушани 17 сведоци и таа фаза на истрагата е завршена, сега се чека на доставувањето на ДНК вештачењето.
„Осомничените за убиството на девојчето вчера се испратени во Специјалната затворска болница во Белград, на невропсихијатриско вештачење, а во моментов се чека на ДНК вештачењето на одземените предмети од следната доказна постапка“, велат за „Курир“ од ВЈТ во Заечар.
Инаку, од почетокот на постапката сослушани се 14 сведоци, како и 3 сведоци од средата до денес. Меѓу испитаните сведоци биле и родителите на осомничените, како и мајката и таткото на убиената Данка Илиќ, кои потврдиле дека на кобниот 26 март се сретнале со осомничените за нејзиното убиство во Бањско поле, местото каде што исчезнало девојчето.