Жена и дете повредени во тешка сообраќајна несреќа

Две лица се повредени во сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Ресен. 

– На 28.04.2024 година во 13:40 часот, на крстосница на магистралниот пат Охрид-Ресен со локалниот пат за селото Завој, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките автомобили „Сеат Леон“ со кавадаречки регистарски ознаки,

управуван од Ј.К.(31) од селото Бегниште, општина Кавадарци и „Опел Корса“ со ресенски регистарски ознаки, што го управувала Н.С.(45) од Ресен.

Притоа, со тешки телесни повреди, се здобил малолетен сопатник во второто возило додека Н.С.- возачот на истото возило,

се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информираа од МВР. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде