Среќен крај на потрагата: Пронајдено 5-годишното девојче од Скопје

Пронајдено 5-годишното девојче кое исчезна во парк Сарај.

Од МВР информираа дека денеска околу 16:20 во паркот Сарај во Скопје исчезнало девојче на возраст од 5 години, а исчезнувањето во полиција го пријавила нејзина возрасна роднина.

Девојчето имало руса долга коса собрана во репче, облечена во розев фустан и розеви кондурчиња со чорапи.

Два часа подоцна поточно во 18:15 на ул.1 во Сарај поточно пред ТЦ-Сарај, од страна на случаен минувач пронајдено е исчезнатото дете Асија Халими.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде