Што значи според народните верувања доколку врне дожд на Велики Петок?

Променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови нè очекува денеска, на Велики Петок.

Според УХМР, чокално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Постарите веруваат дека ако на Велики петок врне дожд, сливите и други овошја нема да дадат богат род. Се верува дека дождот значи тешка и сушна година, полна со конфликти и со кавги.

Од друга страна, пак, се верува дека ако денот е топол и сончев за овој голем празник, родот на овошјето ќе биде голем.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде