Триесет и девет годишен возач загина во сообрајка на експресниот пат Штип-Кочани.
Пријавата во СВР-Штип е во 2.24 часот вели за М Нет Гордана Панајотова портпарол на СВР-Штип.
Несреќата се случила во близина на клучката кај село Крупиште, а според првичните информации во несреќата учествувало само едно возило.
Автомобил марка рено „лагуна“ со скопски регистерски таблички излетало од коловозот, од здобиените повреди починал возачот И.М од Скопје, додека сопатничката и две малолетни деца се пренесени во штипската Клиничка болница.
Увидот во несреќата е во тек. Сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани се одвива по двете коловозни ленти.
На овој експресен пат од почетокот на годината досега во три тешки сообраќајки животите ги загубија пет лица.
Извор: Мнет телевизија