Убава вест за сите што скенираат сметки – започнува исплатата на Мој ДДВ

Убава вест за скенирачите на фискални сметки, се исплатеше трудот од собирање и скенирање.

Започна исплатата на повратот на ДДВ на граѓаните.

Имено од почетокот на месец мај се врши исплата на повратот на средства за периодот јануари, февруари и март, односно првото тримесечје од 2024,

но со оглед дека имаше неколку неработни денови, исплатата се очекува да започне од денеска, или од четврток.

Максималната сума која еден граѓанин кој скенира сметки може да ја добие за едно тримесечие, е 2.100 денари. 

Според податоците, сметки скенираат над половина милион македонски граѓани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде