За месечна плата од околу 1.828 евра, плус останати привилегии и додатоци, старо-нови пратеници во наредните четири години ќе му служат на народот.
Пратениците ги избира народот, и тие ги претставуваат граѓаните и нивниот глас во Собранието, па затоа неретко се нарекуваат и слуги на народот.
Околу тоа колку изнесува пратеничката плата во Македонија, на страницата на Собранието минатата година беа објавени податоци, односно графикон со платите на пратениците во сооднос со минималните и просечни плати во земји во регионот, во април 2023 година.
Токму таму е наведен податокот дека во земјава пратеничката плата изнесува 1.828 евра.
Највисоки плати добивале грчките пратеници и тоа 4.787 евра, а пак најниско се платени српските пратеници, со 944 евра месечно. Потенцирано е дека станува збор за приближни, а не апсолутни вредности.