Ужасна вест утрово ја потресе Европа: Маж нападна жена со моторна пила, па застрелал двајца полицајци

Маж нападнал жена во стан со моторна пила, а потоа застрелал двајца полицајци во полициска станица во Париз.

Повредените полицајци се пренесени во болница во тешка состојба, која кај еден останала критична и по лекарската интервенција, изјави полициски извор. Тешко ранет е и напаѓачот, кој бил погоден со истрел како одговор на неговото пукање.

Инцидентот се случил нешто пред 22:30 часот во дел од 13-та област.

Напаѓачот го земал оружјето од полицаецот и почнал да пука. Тој е приведен за семејно насилство.

Мажот, чие име не се споменува, е уапсен поради „екстремна суровост“, изјави шефот на париската полиција Лоран Нунез.

„Полицијата интервенираше и го донесе овде, но тој го украде оружјето од полицаец и тешко повреди двајца полицајци“, рече Нунез.

Париското обвинителство соопшти дека отворило три истраги против напаѓачот – за обид за убиство на жена, за обид за убиство на службени лицаи за намерно насилство со оружје врз службено лице.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде