Две жени и малолетник со тешки повреди завршија во болница

Три лица се повредени во одделни несреќи низ земјава. Две жени од Скопје и Струмица се тешко повредени и хоспитализирани, но и еден малолетник од Гостивар. 

Повозрасна жена од Скопје заврши во болница поради тешки повреди добиени од возило „форд“ кое ја удрило на улица во населбата Чаир во Скопје. 

– На 11.05.2024 во 13.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Благоја Паровиќ“ и ул.„Џон Кенеди“ во Скопје патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А. од Скопје, удрило во Н.Х.(65) од Скопје. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Х., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје – пишува во билтенот на МВР.

Втората повредена жена е од Струмица исто така добила тешки повреди поради кои завршила во болницата во Струмица, откако возејќи електричен тротинет била удредна од возило. 

– На 11.05.2024 во 14.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од бул. „Балканска“ и ул. “Крушевска република“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет управуван од А.Ѓ.(47) и патничко возило „фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.Р.(72), двајцата од Струмица. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ѓ., констатирани во Општата болница Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица – се појаснува во нивниот извештај. 

Малолетник од Гостивар пак се повредил откако возејќи велосипед паднал и се удрил, поради што завршил во болницата во Гостивар. 

– На 11.05.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„200“ во Гостивар малолетник од Гостивар додека управувал велосипед паднал на коловозот. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар – пишува во Билтенот.  

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде