Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на брегот на мексиканската држава Чиапас

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на брегот на мексиканската држава Чиапас.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 75 километри во близина на брегот на Чиапас, на 37 километри од Тапачула.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Во коментарите на веб-страницата на ЕМСЦ, граѓаните велат дека земјотресот бил „силен и траел долго“.

Според сведоштвата на луѓето, земјотресот бил почувствуван и во Гватемала, на повеќе од 150 километри оддалеченост од епицентарот.

„Нѐ разбуди“, напишало лице од Гватемала.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде