Најнова вест: Следува многу нестабилно време – пороен дожд, грмежи, град, силен ветер

Денес попладне особено во западните и во југозападните предели од државава ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Не се исклучува можноста и за ретка појава на град. Температурите денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.

Во Скопје и околината очекуваме претежно стабилна Атмосфера, а температурата денес во Скопје ќе се искачи до околу 25 степени.

Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, утре и во среда на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд. Утре попладне на повеќе места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можна појава и на невреме.

Што се однесува до температурите , од утре до четврток тие ќе бидат под просекот за средината на месец Мај и ќе се искачуваат во интервалот само од 12 до 20 степени. Само во најтоплите централни и југоисточни предели тие можно е да се искачат малку над 20 степени. Појава на локален дожд ќе има и во четврток.

За време на овој влажен бран, локално се очекува да наврне поголемо количество на воден талог (над 20 л/м2).

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде