Почина мајката на пејачот од „Ѕвездите на Гранд“ – емотивната порака ги расплака неговите фанови

Почина мајката на младиот пејач

Почина мајката на победникот во „Ѕвездите на Гранд“, Мирза Селимовиќ кој од неа со збогуваше со емотивни зборови.

Неговата мајка Недрета ја изгуби битката од тешката болест по што Мирза се огласи на социјалните мрежи.

Пејачот ја сподели тажната вест со пријателите и фановите, а потоа откри и кога ќе биде денот на погребот.

Одмори се најдрага моја, те сака твојот Мирза, напиша пејачот, а потоа со гитара во рацете и насолзени очи ја изведе емотивната балада од легендарниот Џеј Рамадановски, „Животе, жено без морала“.

Помина уште еден тмурен ден, напиша Мирза и предизвика лавина од коментари и зборови на поддршка од колегите.

Тој потоа сподели и кога неговата мајка ќе биде испратена во вечниот дом и каде ќе биде нејзиниот погреб.

Потсетуваме, Мирза во „Ѕвездите на Гранд“ победи пред десетина години, односно 2013 – 2014 година, а неодамна се најде во центарот на вниманието заради сообраќајката што им се случи на членовите на неговиот бенд. Тогаш многумина беа загрижени затоа што пејачот мораше да го откаже својот настап, а подоцна откри дека сите се во ред и дека никој не е повреден.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде