Голема трагедија: Пејачката Ана загина во тешка сообраќајна несреќа

Бразилската музичка ѕвезда Ана Паула Виера (27) загина во неделата со своето момче во сообраќајна несреќа додека се враќала дома по настап!

Пејачката се возела дома со својот партнер Марсел Сток (32) кога според полицијата изгубиле контрола над возилото и налетале на камионска приколка.

На ужасното видео се гледа како автомобилот е смачкан и воздушните перничиња експлодираа низ покривот. Истражителите веруваат дека пејачката можеби заспала на воланот. Возачот на камионот не е повреден.

На само неколку часа пред сообраќајната несреќа Ана објави весела фотографија со пријателите и дечкото од настап во Какуал. Дипломирала фармација и била дел од музичката група Marcio & Ana Paula, која се распадна на почетокот на мај. Неделната свирка беше една од нејзините први самостојни настапи.

Марсело Стоко беше член на градскиот совет на Пименто Буена и беше при крај на својот прв пратенички мандат.

Ана и Марсело беа погребани во понеделникот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде