Тешка несреќа: Се судрија два автомобили, настрада и жена пешак

Вчера на улицата Ферид Бајрам во скоската населба Чаир, се судрија два автомобили, пришто удрена е и жена-пешак.

Од МВР велат дека во несреќата учествувале две возила кои ги управувале 30-годишници, а жената која се нашла на местото има 65 години.

Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Полесно повреден е 19-годишен сопатник во едното возило.

Извршен бил увид.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде