УХМР објави мапа: Голем влажен бран влезе во Македонија – еве во кој правец се движи

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 15 l/m2), локално поројни, проследени со појава на грмежи.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

УХМР објави мапа со најнови информации.

Според радарска слика врнежи од дожд во централните делови со слаб до умерен интензитет и правец на движење кон североисток.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде