Никола Л. (45) попладнево до смрт ја избоде својата партнерка Лела, па си го одзеде животот – први снимки од трагедијата во Белград

Попладнево во Нов Белград се случи убиство и самоубиство.

Во станот на улицата Гандијева било пронајдено телото на жената Л.С.(55) која била избодена со нож, а покрај неа лежел мажот Н.Л., на возраст од околу 45 години, кој исто така починал, дознава „Блиц“.

Соседите на парот велат дека се шокирани од злосторството, бидејќи изгледале како хармоничен пар. Велат дека живеат околу десет години и дека заедно оделе речиси секаде.

– Ја слушнавме брзата помош, но немавме поим дека се случило злосторство, мислевме дека на некој му се слошило – велат шокираните соседи.

Полициската истрага е во тек.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде