Шок за СДСМ: Фатмир Битиќи преминува во ВЛЕН!?

Се уште актуелниот вицепремиер за економија, Фатмир Битиќи, кој најави оставка од позицијата потпретседател на СДСМ по дебаклот на претседателските и парламентарните избори, ќе стане дел од ВЛЕН, пренесува „Фокус“.

Според неофицијални информации на Фокус, Битиќи нема да ги одмине внатрепартиските дебати и разврски во СДСМ по изборниот пораз, откако партискиот лидер Димитар Ковачевски најави внатрешни избори на сите нивоа.

Да потсетиме, Битиќи денеска се огласи на социјалните мрежи и веројатно најави дека е можно да остане во власта.

– Во политиката влегов за да ја направам промената и додека не ја направам, нема откажување, пишува Битиќи во објавата, не откривајќи повеќе детали.

По одржувањето на парламентарните избори на 8-ми мај, Битиќи преку видео порака објавена на социјалните медиуми поднесе оставка од партиската функција.

– Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот. Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители – и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех, изјави Битиќи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде