ВОНРЕДНО Палчо екстрадиран во Македонија

Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, донесен во Македонија.

Палевсски слета на скопскиот аеродром по што директно треба да биде спроведен во Истражниот затвор Скопје.

Тој беше уапсен на 6 декември минатата година, откако првично избега во Србија па преку Бугарија стигна во Турција. Турската полиција го уапси во Баликесир.

Палевски, наводно заради лекарски преглед, додека траеше потрагата за 14-годишната Вања Ѓорчевска и истрагата за убиството на 74-годишниот Панче Жежовски првично избега во Србија, па преку Бугарија стигна во Турција.

Тамошната полиција го уапси во градот Баликесир на 6 декември.

Ѓорчевска била грабната на излегување од дома, во влезот на зградата и со врзани раце и нозе, била ставена во гепек во вреќа за спиење.  Девојчето било киднапирано со цел да се изнудат пари од нејзината мајка, а набрзо потоа била убиена со пиштол.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде