Се врзал со чаршав и се обесил: Осомничен за двојно убиство си го одзеде животот во македонски затвор

Во затворот К`шање се обеси притвореникот кој си ги уби сестрата и внукот во кумановски Габреш, објави ТВ Стар.

Шеесет и седумгодишниот Д. Ѓ. од кумановското село Габреш, кој е осомничен за двојно убиството сестра си и внукот и обид за убиство на другиот внук, бил пронајден мртов во притворското одделение во Казнено-поправната установ Куманово – затвор К`шање.

Д.Ѓ. се обесил откако со чаршаф се врзал за кревет на кат, додека во притворската ќелија имало уште еден притвореник кој спиел.

Според извори од ситрагата, самубиството се случило завчера околу 17 часот, а безживотното тело го пронашол командирот кој вршел редовна обиколка во одделението.

Од МВР го потврдуваат случајот, но не сакаат да дадат повеќе информации, со образложение дека станува збор за самоубиство

Беше осомничен за двојно убиство од февруари годинава

Двајца се убиени, а едно лице е тешко повредено откако во нив денеска напладне било пукано од огнено оружје во кумановското село Габреш. Во пукањето се убиени мајка и син, а тешко е повреден другиот син, а пукал брат на мајката. Од Кумановската болница велат дека повредениот со три прострелни рани е пренесен на Скопските клиники, извести полицијата на 21 февруари годинава.

„Во 12.25 часот полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Д. Ѓ. (66) затоа што во село Габреш, Кумановско, поради нерасчистени имотно-правни односи пукал од огнено оружје кон неговата сестра Д. Р. (63), и нејзините синови Ж. Р. (36) и Т. Р. (38). Итна медицинска помош констатирала смрт кај Д. Р. и Т. Р., додека Ж. Р.со повреди е пренесен во Општа болница Куманово. Увидот е во тек“, соопшти СВР Куманово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде