Страотни сцени од местото на несреќата: Екс премиерот на Бугарија имал страшна сообраќајка – најмалку тројца загинати

Поранешниот премиер на Бугарија Кирил Петков учествувал во страшна сообраќајна несреќа во која има најмалку тројца загинати, јавуваат тамошните медиуми.

Според БТВ, загинал шоверот на Петков, како и две лица во другиот автомобил.

Според првичните информации кои ги објави партијата „Промените продолжуваат“, до несреќата дошло откако автомобилот во кој загинаа маж и жена на возраст од 60 години излегол на патот, иако немал предност.

Петков се здобил со повреди но засега нема информации во каква точна здравствена состојба е поранешниот бугарски премиер.

Пред речиси еден месец и другиот копретседател на Промените продолжуваат Асен Василев учествуваше во верижна сообраќајна несреќа, која помина само со материјална штета.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде