Поранешниот премиер на Бугарија Кирил Петков учествувал во страшна сообраќајна несреќа во која има најмалку тројца загинати, јавуваат тамошните медиуми.
Според БТВ, загинал шоверот на Петков, како и две лица во другиот автомобил.
Според првичните информации кои ги објави партијата „Промените продолжуваат“, до несреќата дошло откако автомобилот во кој загинаа маж и жена на возраст од 60 години излегол на патот, иако немал предност.
Петков се здобил со повреди но засега нема информации во каква точна здравствена состојба е поранешниот бугарски премиер.
Пред речиси еден месец и другиот копретседател на Промените продолжуваат Асен Василев учествуваше во верижна сообраќајна несреќа, која помина само со материјална штета.