Поднесена е пријава против три лица од Неготино и Кавадарци пуштиле во промет поголема количина на кокаин и марихуана, и дрогата ја купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластената продажба на истата.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, тие ќе бидат спроведени пред судија за претходна постапка.
-Денеска (17.05.2024), Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против три лица од Кавадарци и Неготино, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори” по член 215 од Кривичниот законик.
Имено, во периодот од јануари до април 2024 година лицата се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на марихуана и кокаин и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба на дрога.
За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување обезбедени се материјални докази и утврдено е дека во наведениот период пријавените пуштиле во промет поголема количина на кокаин и марихуана.
Лицата ќе бидат спроведени пред судија за претходна постапка- известија од МВР.