Познат идентитетот на адвокатот кој почина додека чекал судење

Од полицијата се огласија во врска со смртниот случај за кој вчера објави адвокатот Јанаки Митровски во Граѓанскиот суд во Скопје. 

– На 16. мај (четврток) во 09.25 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош е пријавено дека во Основен граѓански суд, во ходникот на први кат, има починато лице.

Од страна полициски службеници е излезено на местото и е констатирано дека станува збор за Љ.С.(75) од Скопје.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено за обдукција. Увид бил извршен, соопштија од полицијата. 

Митровски претхоно преку објава на својот фејсбук профил сподели за страшното искуство на кое посведочил. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде