Детали за трагичната несреќа во Штип: Едно лице загина, друго се бори за живот, двајцата биле келнери во објектот

Во ресторанот во Штип каде се случи несреќа со лифт пред неколку часа, во која загина едно лице, а друго се бори за живот, вечерва се одржува свадба, објави Прес 24.

Смртниот случај не ги спречил плановите на газдите да продолжи ресторанот со работа, и одржување на свадбената веселба.

Според информациите на Прес 24, починатото лице е повозрасен маж во пензија кој работел како келнер во угостителскиот објект каде се случила несреќата, а другото лице кое се бори за живот е исто така маж и извршувал работни обврски како келнер во угостителскиот објект.

Двајцата се во роднинска врска. Мажот кој се бори за живот е вработен во ОУ Гоце Делчев во Штип, а во ресторанот работел дополнително. 

Од СВР Штип велат дека во тек е увид од страна на полицијата, јавен обвинител од ОЈО Штип, а на терен се и државни инспектори.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде