Последна вест: Во овој момент силно невреме во овој регион во Македонија

Пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на суградица вечерва во југо-западните делови од Македонија.

За делови од Македонија издаден е жолт метео аларм.

Попладне и кон крајот на денот ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 29 степени.

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на невреме со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Славчо Попоски објави дека невреме има во охридско-преспанскиот регион

Во овој момент – НЕВРЕМЕ во Охридско – Преспанскиот регион! , напиша Попоски. Повеќе детали подоцна…

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде