„Сите ќе ве убијам како овци“ Познат фудбалер нападнал рецепционер и брутално им се заканувал на полицајците во хотелот „Холидеј Ин“ во Белград

Фудбалерот Адем Љајиќ пијан нападнал рецепционерка, брутално и се заканувал на полицајците, па бил однесен во станица.

Ноќеска во белградската полиција се јавил Ненад Живковиќ (49), рецепционер во хотелот „Холидеј ИН“, кој пријавил дека бил нападнат од фудбалерот Адем Љајиќ, кој престојувал во хотелот, со тоа што влегол во рецепција, го грабнал за јака и му се заканувал дека ќе го претепа.

Според полицијата, Љајиќ (33) со друго непознато лице влегол во хотелот во видно алкохолизирана состојба. Сакале да влезат барот, но рецепционерот им рекол дека не е отворен, по што Адем влегол зад шанкот, го навредувал, па го фатил за реверите и го влечел, додека непознатото лице исто така го навредувало и му се заканувало на рецепционерот.

Кога пристигнала полицијата, во разговорот со Адем Љајиќ тој одбил да ја даде личната карта на увид, ги навредувал и им се заканувал на полицајците, поради што бил приведен во полициска станица.

Тој им се заканил на полицајците дека ќе го паметат, а по пристигнувањето во полициската станица и им се заканил со зборовите „Сите ќе ве убијам како овци“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде