Во Полициска станица Гостивар денеска во 02:40 часот била пријавена сообраќајна несреќа на ул.„Илинденска“ во Гостивар.
Сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „ауди“ со национална ознака на Чешка Република, управувано од Г.Н.(32) од Гостивар и
патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.И.(25) од Житоше, прилепско, по што удриле во три паркирани патнички возила „сеат“, „цитроен“ и „фолксваген“.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „голф“, Р.Ќ.(26) с.Чајле, гостиварско, а со телесни повреди се здобиле возачите на возилата „ауди“ и „голф“, како и сопатникот на возилото „голф“ А.И.(60) од Житоше, констатирани во Општа болница Гостивар, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.