Палчо во куферот од Турција носел евра и лири, но и еден предмет кој ги изненадил вработените во затворот Шутка

Љупчо Палевски – Палчо 5 дена веќе е во притвор во затворот Шутка. Како што веќе објавивме, тој по екстрадицијата беше спроведен во затворот, но со себе носеше и куфер.

Директорот на затворот Филип Андов во интервју за Телма, открива што имало во истиот.

„Па може да нагласам дека имаше една интересна работа, дека имаше телевизор плазма, од Турција му бил, за притвор но тука каде што е, ние немаме 220 волти струја, регулирана е на 12 волт, само за светло, специјално за собата каде што ќе биде тој“, вели Филип Андов.

Во куферот имало и банкноти во евра и турски лири.

„Да не навлагаме, имаше банкноти во евра и турски лири, сега да не навлегуваме во детали“

Имаше ли некако документи со него?

„Имаше да, направен е записник“, вели директорот кој посочи дека тоа е стандардна процедура за секој притвореник.

Во разговорот уште открива дека Обивнителството побарало дел од багажот на Палевски да изврши увид, но во моментов е нејасно дали таму има и материјални докази.

Покрај Палевски, за грабнувањето и убиствата осомничени се уште 4 лица меѓу кои и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски кој од неодамна е во домашен притвор откако Врховниот суд му го замени затворскиот притвор. Тој е осомничен дека помогнал во грабнувањето на неговата ќерка.

Телата на двете жртви беа најдени на 3 декември откако дел од осомничените ги открија локациите каде се закопани. Покрај Палевски, за случајот осомничени се уште 4 лица, Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Тој се гони за помагање во грабнувањето на неговата ќерка. Стефан Димковски, кој го возеше Палевски до Турција е осомничен за  помагање по извршеното кривично дело. Палевски беше уапсен на 5 декември во Баликесир откако беше распишана меѓународна потерница.

Извор: Тв21

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде