Метео анализа на Славчо Попоски:
Од запад и југозапад кон Македонија вечерва, и претстојната ноќ, како и утре се очекува да навлезе нова влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе предизвика појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради загреаната Атмосфера, која е исполнета со многу енергија поради топлото време и високите температури, локално се очекуваат интензивни Атмосферски процеси во форма на невреме.
Невремето ќе биде проследено со обилен пороен дожд за кратко време кое може да услови нови локални поројни поплавувања, силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на покрупен град.
И во Скопскиот регион очекуваме повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можно и невреме.
Апелираме на крајна внимателност оваа ноќ и утре во случај на појава на електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
А во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се ставаат подалеку од дрвјата. Температурите остануваат без промени, што значи топлото и спарно време продолжува.