Еден од осомничените за убиството на малата Данка ќе биде пуштен на слобода

Дејан Драгијевиќ (50) од Злот и Срѓан Јанковиќ (50) од Лука, осомничени за убиството на двегодишната Данка Илиќ која исчезна на 26 март во Бањско Поље, во моментот на делото биле здрави и пресметливи, според записниците од психијатриските вештачења кои се пристигнати во Вишото јавно обвинителство (ВЈТ) во Зајечар.

На осомничените наскоро ќе им истече притворот, како и на таткото на Дејан Драгијевиќ кој ќе биде ослободен.

– Притворот на Радослав Драгијевиќ истекува на 29 мај, а бидејќи притворот не може да трае подолго од 2 месеци за кривичното дело што му се става на товар, нема услови притворот на осомничениот Радослав Драгијевиќ да му биде продолжен по 29 мај – посочува ВЈТ Зајечар.

Според сознанијата пренесени во српските медиуми, од обвинителството ќе предложат продолжување на притворот за главните осомничени Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ.

Обвинителството додава дека на 27 и 28 мај ќе сослушаат четворица нови сведоци. Од таму информираат дека вештачењето за движењето на возилото на осомничениот врз основа на ГПС уредот, како и новото вештачење за ДНК трагите сè уште го немаат добиено.

А, според изјавите, го немаат добиено ни извештајот од обдукцијата на телото на мајката на осомничениот Дејан Драгијевиќ, Светлана која беше погребана во петокот во Злот, покрај нејзиниот син Далибор, кој почина на 7 април, во просториите на Полициското одделение во Бор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде