НАЈНОВA ВЕСТ: Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,27 % во однос на одлуката од 16.5.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек:

кај бензините за 1,601%, кај дизелот за 0,751%, кај екстра лесното масло за 1,310% и кај мазутот намалувањето е за 2,450%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,368%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,306 ден/кг и сега ќе изнесува 42,629 ден/кг.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.5.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде